Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕРМИНИ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ДОБИЈА 1.800 ДЕЦА: Од денеска имунизација против ковид на тинејџерите од 12 до 16 години

ТЕРМИНИ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ДОБИЈА 1.800 ДЕЦА: Од денеска имунизација против ковид на тинејџерите од 12 до 16 години

Во трите поликлиники во Скопје, „Букурешт“, Јане Сандански“ и „Чаир“, од денеска почнува имунизацијата на младите на возраст од 12 до 16 години.

-Термините за децата почнуваат од 8.00 часот на пунктовите во овие здравствени установи. Лекарските тимови се од постоечките вакцинални пунктови кои имаат искуство со имунизација на деца. Досега, на ниво на целата земја се пријавени 1.800. По насоките на Комитетот за вакцинација, сите деца ќе бидат вакцинирани со вакцината на Фајзер/БиоНТек, вели за Фактор, директорот на Здравствен дом-Скопје, Виктор Исјановски.

Освен тоа, Исјановски посочува дека сите пунктови и понатаму остануваат отворени и продолжуваат со вакцинација на сите категории граѓани без закажан термин.

-Вакцини има доволно, сите се безбедни и даваат силен имунолошки одговор против тешки форми на болеста. Апелираме за масовна вакцинација на сите граѓани со цел да обезбедиме поголемо ниво на заштита, посочува директорот Исјановски.

Инаку, Здравствен дом Скопје чека списоци и од затворот во Шуто Оризари, па најверојатно, како што информира Исјановски, мобилните екипи среда-четврток ќе вакцинираат во оваа казнено поправна установа.

- Веќе е разговарано со директорот, интерес пројавиле околу 300 притвореници, и добро е што е така, бидејќи по вакцинацијата, значително се намалува ризикот од создавање нов кластер, вели Исјановски.

А.Б.

Слично

Поврзани вести