Економија, финансии, бизнис

Контакт

Терминалите за отпечатоци од прсти од „Дермалог“: ДИК ја избра германската компанија

Терминалите за отпечатоци од прсти од „Дермалог“: ДИК ја избра германската компанија

Дермалог е германската компанија која што на тендер е избрана од страна на Државната изборна комисија (ДИК) за набавка на техничката опрема за спроведување на локалните избори со отпечаток од прст.

– Вчера беше избрана компанија која ќе ја обезбеди техничката опрема за спроведување на изборите со отпечаток на прст. На 1 јули заврши постапката по јавната набавка за биометриска индентификација на гласачите со отпечатоци од прст и се пријавија четири компании. Евалуацијата на компаниите заврши вчера и по завршување на постапката Комисијата за јавни набавки ми предложи една компанија за која донесов одлука да биде избрана. Компанијата се вика „Дермалог“ од Германија, значи германска компанија и сега трае рокот за жалба, што трае десет дена. До завршување на тој рок, продолжува постапката. Се надевам дека ќе заврши и тоа како што треба, бидејќи тоа не е во наша надлежност и дека сме еден чекор поблиску до остваруање на нашето мото еден гласач еден глас, истакна претседателот на Комисијата.

Даштевски појасни дека врз основа на тоа што го видел од извештајот на Комисијата, таа компанија ги исполнила условите, имала најдобра понуда, и најдобри апарати.

– Поради тоа предлогот го прифатив како веродостоен, рече Даштевски.

Во однос на заштитата на личните податоци на гласачите, претседателот на ДИК кажа дека гаранциите за тоа се предвидени во тендерот и може да се прочитаат во спецификацијата.

-Податоците ќе се внесат од страна на МВР и после ќе се вратат назад така што не можат да бидат злоупотребени бидејќи ние не купуваме компанија, купуваме опрема. Опремата е во наша сопственост, рече Даштевски.

Рокот за достава на техничката опрема, како што информираше тој, е 60 дена, има време до крај на септември да стигне опремата.


Слично

Поврзани вести