ТЕРЕЗА МЕЈ МУ ЧЕСТИТА НА ЗАЕВ: Решавањето на ова прашање ќе донесе огромни придобивки
Премиерката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Тереза Меј, денеска, испрати писмена честитка до премиерот Зоран Заев, и го честитала постигнатиот Договор помеѓу Република Македонија и Република Грција, како и ратификацијата на Договорот во Собранието на Република Македонија.
„Вакво значајно постигнување не би било возможно без политичката храброст, визија и лидерство, какви што двајцата покажавте. Како што претходно разговаравме во Скопје, решавањето на ова прашање ќе донесе огромни придобивки за двете држави, како и за поширокиот регион“- стои во писмото од премиерката Тереза Меј.
Таа додава и дека, конечно после 25-годишниот спор, желбите на огромно мнозинство граѓани, кои сакаат да ја видат својата земја како членка на НАТО и ЕУ, ќе ги отвори вратите за овие аспирации.
Наведува дека Обединетото Кралство ќе продолжи да ја поддржува Македонија во патот на пристапувањето кон членството во евроатлантскиот сојуз, како и во мирот и просперитетот, што овие аспирации како и останатите реформи ќе го донесат за вашата земја, и за регионот како целина.
