Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕРАПИЈАТА НЕ ПОМАГА: Филипче вели дека има пациенти со тешка манифестација на белите дробови

ТЕРАПИЈАТА НЕ ПОМАГА: Филипче вели дека има пациенти со тешка манифестација на белите дробови

Ковидот се почесто го комплицира здравјето и на млади луѓе кои немале хронични заболувања. 

Има многу пациенти со тешка манифестација на белите дробови и крвта и терапијата не помага, вели министерот за здравство, Венко Филипче. 

За зголемениот број на млади кои умираат иако немаат хронични болести, Филипче вели дека вакви случаи има и во Европа и дека кај дел од младите состојбата се влошува за неколку часа.

„За сите пациенти колегите прават сѐ, но има многу пациенти со тешка форма, со манифестација на белите дробови и крвта, каква колегите од пулмологија и инфективна медицина досега не виделе и кај нив нема одговор на терапијата“, вели министерот. 

Во Македонија вчера имаше 50 починати од коронавирусот. 

Денеска имаше протест пред Министерството за здравство, каде пратеници од ВМРО-ДПМНЕ го обвинија Филипче за неодговорност и побараа да си поднесе оставка. Бројот на починати од вирусот се приближува кон 4.000. 

Слично

Поврзани вести