Тепаните пратеници ќе сведочат во ОЈО
Јавното обвинителство на Република Македонија испратило покана до Собранието за повик на пратениците кои пред една недела беа брутално нападнати од страна на маскирани напаѓачи и гневни демонстранти.
Поканите се испратени до генералниот секретар на Собранието изутринава. Од Обвинителството не прецизираат кои пратеници се повикани, но кратко објаснија дека станува збор за оштетени кои беа нападнати пред седум дена при насилствата во Собранието. Засега нема информација дали покани ќе има и за тепаните новинари и медиумиски работници кои исто така беа жртви на насилство, информира Алсат М.
Засега ОЈО предметот го води со квалификацијата учество во толпа, но пратениците тврдат дека станува збор за обид за убиство и многу други тешки кривични дела за рушење на уставниот поредок и бараат целосна правна разрешница на насилствата.
