Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ТЕПАНИОТ И КРИВ ЌЕ ИЗЛЕЗЕ, ЛУДИЛО“ - Ванковска не може да ја разбере поентата на апсењето на нападнатиот во М-НАВ

„ТЕПАНИОТ И КРИВ ЌЕ ИЗЛЕЗЕ, ЛУДИЛО“ - Ванковска не може да ја разбере поентата на апсењето на нападнатиот во М-НАВ

Тепаниот и крив ќе излезе… ЛУДИЛО! Тепачите на слобода , тепаниот “апси” го.

Ова го напиша професорката Билјана Ванковска по денешната информација дека на граничен премин е уапсен нападнатиот во М-НАВ. 

-На 06.01.2024 во 20.10 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, на излез од државата, бил лишен од слобода П.Б.(39) од Скопје. Имено, при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека за него има активна мерка „апси“, на барање на Одделението за потраги, за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“ по чл.303 ст.2 од Кривичниот законик. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка, стои во дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи.

Дека лицето нема дадено исказ во Обвинителството утрово во соопштение објави и Кривичниот суд, а неофицијално се барал да ги каже своите сознанија за овој случај.

Слично

Поврзани вести