ТЕПАЧКА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Нападнале и малолетничка со здравствени проблеми
Масовна тепачка имало во Ѓорче Петров, каде е нападната и малолетничка која имала здравствени проблеми.
Во СВР Скопје вчера во 23 часот е пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров е нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Р.Е.(47) и Ј.Е.(44) од една страна и Ш.Ш.(39), Е.Ш.(42) и С.Ш.(18) од друга страна, сите од Скопје.
Е.Ш. и С.Ш. претходно физички нападнале малолетничка која имала здравствени проблеми.
Полицијата по целосно документирање на случајот ќе поднесе соодветен поднесок.
фото МИА архива
Слично
