Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тепачка помеѓу малолетници пред СУГС „Арсени Јовков“ – повредено 16-годишно момче

Тепачка помеѓу малолетници пред  СУГС „Арсени Јовков“ – повредено 16-годишно момче

Вчера околу 17 часот вработен во СУГС „Арсени Јовков“ пријавил дека на улица „Костурска“ надвор од училишниот двор физички бил нападнат 16- годишен ученик од село Студеничани, скопско. 

Според информациите од пријавата, ученикот бил нападнат со метална палка од страна на 16- годишно лице, а потоа во физичкиот напад се приклучила и поголема група на малолетни лица, кои размениле по неколку удари со тупаници и клоци. На нападнатиот му се констатирани телесни повреди во пределот на лицето и телото. По преземени мерки и активности, во полициска станица е извршен разговор со едно 16- годишно лице кое е можен сторител на делото. 

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање и на другите малолетни лица, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.


Слично

Поврзани вести