Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тепачка помеѓу колешки во Агенција за филм?Полицијата смируваше ситуација

Тепачка помеѓу колешки во Агенција за филм?Полицијата смируваше ситуација

Денеска поднесена е пријава за нарушен ред и мир во Агенцијата за филм, а неофицијално станувало збор за тепачка помеѓу колеги на работното место. 

Од МВР потврдија дека со интервентна полиција излегле на терен и дека ги проверуваат наводите од пријавата. Пред зградата на Агенцијата за филм подолго време се задржа паркирано возило на интервентната полиција.

„Добиена е пријава за нарушен јавен ред и мир и полициски службеници се излезени на терен да утврдат дали имало или немало нарушување. Повеќе информации ќе има во текот на денот“, објави МВР.

Директорката на Агенцијата, Даниела Станковска-Плачковска, изјави дека станува збор за инцидент меѓу две вработени во Агенцијата и оти се надева дека недоразбирањето ќе биде брзо надминато.


Слично

Поврзани вести