ТЕПАЧКА МЕЃУ СРЕДНОШКОЛЦИ: Се вмешал и родител
Тројца средношколци се повредени во тепачка која се случила вчера попладне во средното училиште Јосип Броз Тито.
Во тепачката учествувал и родителот на еден од повредените средношколци.
Околу 14 часот полициски службеници од ПС Центар констатирале нарушување на јавен ред и мир од две лица А.Х. (17) и К.А. (18) коишто во училиштето по претходна вербална расправа се степале разменувајќи си по неколку удари во пределот на главата и телото. Тие се здобиле со телесни повреди во вид на модринки и црвенило.
За истиот настан, во полицијата примени се и две дополнителни пријави. Првата од К.А. (18) кој пријавил дека околу 13,30 часот физички го нападнал Б.Х. (49) (родител на А.Х.), кој откако видел дека неговиот син А.Х. физички се пресметува, почнал со тупанци да го удира К.А. нанесувајќи му повреди по главата. Втората пријава е од Е.И. (38) која пријавила дека нејзиниот син К.И. (17) кој се обидел да ги раздвои А.Х. и К.А., по што Б.Х. (49) го нападнал со неколку удари по главата.
Се работи на расчистување на овој случај.
