ТЕНЗИИТЕ ЗОВРИВААТ ВО СДСМ: Шилегов „го нападна“ Зечевиќ на Фејсбук
Лошата атмосфера што владее во внатрепартиските односи во СДСМ изби на површина кај социјалните мрежи. Поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов и член на Извршниот одбор на СДСМ „го нападна“ партискиот генерален секретар во оставка Миле Зечевиќ.
„Дечкото од Серава, што мисли дека е “булдужер” од Вардар …Допрва следи “римув” ….“, напиша Шилегов на „Фејсбук“ во статус кој се однесува на Зечевиќ.

Не е познато на што се должи ваквата реакција на поранешниот градоначалник на Град Скопје, но може да се заклучи дека станува збор за негово исклучување од некоја онлајн група по налог на Зечевиќ.
Слично
