Тензии над Иловица и Штука, локално население блокираше багер
Екоактивистите од „Здрава Котлина“ објавија дека над Иловица и Штука бил спречен багер на рударската компанија Геопс од страна на локалното население.
„Од нашите луѓе на терен стигна известување за намерата на неколку лица од рударската фирма Геопс да качат багер на ридот над Иловица и Штука и за некакви рударски операции на планината.
Уште сега да ви кажеме дека ЌЕ БИДЕТЕ СПРЕЧЕНИ И БЛОКИРАНИ од населението и активистите!
Никој нема дозвола за експлоатација без која нема никаква законска можност за друга дејност и нема што да барате и вие со багер на планината!
Затоа најсериозно ве предупредуваме дека нема да дозволиме никакви играчки што лесно ќе стигнат до плачки. Тие неколку лица нека убаво размислат дали сакаат да си направат непријатели од пријатели оти потоа назад патот е тежок. Ако сакате да се правите паметни и ризикувате народен гнев - повелете па ќе биде што ќе биде!
Нашите луѓе не спијат и на прва информација ќе реагираме со мобилизација и блокади!
РУДНИЦИ НЕМА ДА ИМА ВО СТРУМИЧКО!“, објави Здрава Котлина.
https://www.facebook.com/reel/1014519261514266