ТЕНЗИЧНО ВО СОБРАНИЕТО: Ѓорчев сам си зема збор, Џафери побара обезбедувањето да интервенира
Собранискиот спикер, Талат Џафери денеска на седница во Собранието побара обезбедувањето да го тргне од говорница пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, кој зема збор без одобрение.
„Ѓорчев напуштете ја говорницата, немате збор. Три пати барам да го тргнат нема збор“ - рече спикерот.
Џафери прво побара да му биде исклучен микрофонот на Ѓорчев, но тој не прекина со зборување, по што спикерот побара да интервенира обезбедувањето. Потоа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски и Антонио Милошоски застанаа во одбрана на Ѓорчев. Тие тврдат дека не може обезбедување да го тргне пратеникот од говорница, па им се придружија и други пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, по што Џафери ја прекина седницата.
Со работа ќе продолжат по 10 минути.
Собранието денеска ја продолжи петтата седница, на која последна точка на дневниот ред е изборот на заменици-министри на владата.
