ТЕНДЕРОТ ГО ДОБИЛА ФИРМА ОД ДОЛНА БАЊИЦА, ОСНОВАНА ЛАНИ - Владата купува 80 компјутери
Пред две недели Владата склучила договор за набавка на 40 лаптопи и 40 компјутери, како и компјутерска опрема и сервери, за кои ќе потроши 116.000 евра. Договорот е потпишан од генералниот секретар Мухамед Зеќири, а добитник на тендерот е Друштво за компјутерски софтвер, консалтинг, посредување, производство, трговија и услуги ИТ СОЛУТИОН М од Долна Бањица, Гостивар, пишува Фокус.
Од Владата за „Фокус“ изјавиле дека компјутерите се потребни за вработени во Генералниот секретаријат и во канцеларијата на премиерот.
„Согласно Планот за јавни набавки од 2021 година, а врз основа на барање од надлежниот сектор и одлука за набавка, спроведена е постапка за набавка за информатичка опрема. Компјутерите се потребни за вработените во Генералниот секретаријат и Канцеларијата на Претседателот на Влада на Република Македонија“, одговориле од Владата.
