Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тендер за Аква парк во Гостивар: ДУИ обвинува, Таравари се брани

Тендер за Аква парк во Гостивар: ДУИ обвинува, Таравари се брани

Гостиварскиот огранок на ДУИ ја обвини актуелната властдека манипулира со јавните набавки и при тоа ги прекршува постапките, а од друга страна градоначалникот Арбен Таравари, ги отфрла овие обвинувања и децидно вели дека сé е според законските прописи.

„Тендерот за изработка на идејно решение за Аква парк во Гостивар го доби фирма која го претходно го подготвила проектот, односно  пред да биде објавен огласот.  Во документацијата која е доставена јасно се гледаат фотографии што се направени во зимскиот период, а огласот за набавката е објавен во ма“ј, стои во соопштението до јавноста од гостиварскиот огранок на ДУИ.

Градоначалникот Арбен Таравари ги отфрли овие обвинувања како неаргументирани и упати јавен повик до граѓаните, да пријават неправилности или да извршат увид во документацијата и доколку забележат неправилности да пријават во надлежни органи.

„Тендерот за Аква паркот беше за изработка на идејно решение, не за изградба на паркот. Изборот го направи комисија, а не јас. Знам дека најдобриот проект е на реномирана фирма од Скопје. И другите два проекти кои беа на автори од Гостивар беа одлични, но имаа недостатоци“, кажа градоначалникот Таравари.


Слично

Поврзани вести