Тенда паднала врз две лица во Тетово, пријава за сопственикот на објектот
Тенда во Тетово изминатото лето паднала врз две лица, по што полицијата, како што објави денес МВР, поднесе кривична пријава за сопственикот на објектот.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Х.(39) од с.Жеровјане, општина Боговиње и против негов правен субјект од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
На 27.06.2025, К.К. (29) од Тетово застанала под тенда на правниот субјкет, која се откачила поради невреме и паднала врз неа и врз уште едно лице“, информира МВР.
Слично
