ТЕМПЕРАТУРИТЕ ОД УТРЕ И ДО 20 СТЕПЕНИ: Топол бран ја зафаќа Македонија
Невообичаено
топол бран ќе ја зафати Македонија од почетоков на следнава недела, а
температутана некаде ќе достигне и 20 степени. Метеорологот Славчо Попоски
најавува дека ќе топлиот бран ќе почне да се чувствува уште во текот на викендов,
а температурите ќе се искачуваат од 5 до 13 степени.
-Во текот на следната седмица и тоа под влијание на циклонска активност од запад и изразено јужно воздушно струење температурите ќе бележат тенденција на пораст и истите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат дури и над 15 степени. Ќе има и повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а ќе дува и засилен ветер од јужен и од југозападен правец.
Услови за врнежи од снег ќе има само на највисоките планини на запад.
Во Скопје и околината исто така во текот на следната седмица очекуваме поголема промена на времето која ќе биде проследена со засилен јужен ветер, повремени врнежи од дожд и значително повисоки температури на воздухот кој ќе се искачат до околу 15 степени.
Температурите кој ги очекуваме во текот на следната седмица ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.
