Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 25 СТЕПЕНИ: Еве какво ќе биде времето за време на викендот

ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 25 СТЕПЕНИ: Еве какво ќе биде времето за време на викендот

И утре во Македонија времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а повремено ќе дува засилен ветер од северен правец кој најизразен ќе биде во Повардарието каде повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 60 км/час. Исто така ќе има услови и за локален краткотраен дожд проследен со ретки грмежи, вели метеорологот Славчо Попоски.

„И во Скопје  и околината денес  времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремено засилен ветер од северен правец. Ќе има услови и за локален краткотраен дожд.

Во недела пак на 19 април 2026 во Македонија времето ќе биде насекаде стабилно, суво и претежно сончево со мала до умерена локална облачност а ветерот од северен правец ќе ја намали својата брзина.

Што се однесува до температурите тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 13 степени а во Скопје  и околината температурата наутро ќе се спушти до околу 12 степени. Малку пониски минимални утрински температури на воздухот ќе имаме во недела кога тие ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 10 степени а во Скопје  и околината во недела наутро на 19 април 2026 температурата ќе се спушти до околу 6 степени.

Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени а во Скопје  и околината максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот помеѓу 21  и 24 степени. Малку пониски температури ќе имаме во недела на 19 април 2026 кога преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени  а во Скопје  и околината во недела на 19 април 2026 температурата преку денот ќе се искачи до околу 21 степен“, вели тој.


Слично

Поврзани вести