ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК: Што не очекува деновиве?
Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд. Претпладне, локално ќе има и услови за замрзнат дожд. На планините врнежите ќе бидат главно од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Времето утре ќе биде променливо облачно. Претпладне и во ноќните часови претежно на запад и на краен исток ќе има локални врнежи од дожд. На планините над 2.000 мнв ќе има повремен снег. Ќе дува умерен до засилен западен ветер. Дневните температури ќе се движат од 6 до 15 степени.
В недела времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северозападен ветер и со дневни температури од 8 до 17 степени.
Вчера беше многу студено во Македонија.Најстудено беше во Берово, каде беа измерени – 18 степени.
Слично
