Економија, финансии, бизнис

Контакт

Температурен шок: Од среда значајно затоплување

Температурен шок: Од среда значајно затоплување

Денеска времето ќе биде сончево со мала локална облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневната температура ќе се движи од 13 до 21 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и потопло. Утринската температура ќе достигне до 4 степени, а дневната до 20 степени. 

Под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење следува период на потопло време. Значително затоплување се очекува од средината на следната седмица.

Според УХМР од среда следи значајно затоплување, додека во четврток максималната температура ќе биде до 28 степени.

 Во почетокот на седмицата ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд.

Слично

Поврзани вести