Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Од снег и невообичаено ладно време за јули, неделава температури до 38 степени

ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Од снег и невообичаено ладно време за јули, неделава температури до 38 степени

По исклучително ладниот бран кој донесе снег на Шар Планина и на Пелистер вчера попладне петок 24 јули, и по денешното исклучително свежо, до ладно утро за месец јули, веќе од самиот почеток на следната седмица во Македонија ни следува нов температурен шок, соопшти метеорологот Славчо Попоски.

„Станува збор за продор на многу потопла воздушна маса од југ, односно од Африка со што веќе од понеделник па во деновите потоа температурите нагло ќе пораснат и тие во најголем дел од Македонија ќе надминуваат 30/35 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели температурите ќе се искачат до 38 степени.

Само во понеделник на 27 јули ќе има појава на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Од вторник 28 јули времето во целост ќе се стабилизира и ќе биде стабилно и сончево со појава на мала локална облачност.

Да напоменам дека овие нагли и големи температурни промени исклучително негативно влијаат особено кај метеопатите“, пишува тој.

Слично

Поврзани вести