Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ТЕМНИТЕ ТУНЕЛИ НА КОРУПЦИЈАТА СЕ ПОФРЕКФЕНТНИ ОД БИЛО КОГА“: Росица Кулакова остро за судските одлуки 'какви валкани игри се играат'

„ТЕМНИТЕ ТУНЕЛИ НА КОРУПЦИЈАТА СЕ ПОФРЕКФЕНТНИ ОД БИЛО КОГА“: Росица Кулакова остро за судските одлуки 'какви валкани игри се играат'

Остра реакција од сестрата на трагично починатата Фросина Кулакова, Росица по вчерашната пресуда за Васил Јованов, момчето кое возеше со голема брзина по булеварот Партизнаски одреди и смртно ја прегази младата Фросина. 

- Правосудната мафија не спие! Темните тунели на корупцијата се пофрекфентни од било кога.

На 7-ми Мај, шуш-муш, Врховен суд му ја укинува пресудата на убиецот Васил од 3г. и 10 месеци за дрогата, што во денешната пресуда е земена како отежнителна околност. И сега апелација, без таа пресуда, ќе мора да ја намали казната.
Таа отежнителна околност ја нема! Какви валкани игри се играат и колку пари се имаат фрлено за мајчиното синче да не си ја одлежи заслужената казна. Какво холивудско сценарио, навистина не можам да си поверувам - напиша Росица на социјалните мрежи.



Семејството на трагично загинатата Фросе регираше уште при соопштувањето на пресудата, нејзиниот татко изрече остри зборови кон судиите и ја напушти судницата, додека мајката на Фросе и Росица останаа внатре и во солзи ја дослушаа судската одлука. 

Сестрата на Фросина, Росица кратко по читањето на пресудата с огласи на социјалните мрежи и повика на протест против судиите денеска во попладневните часови. 

Слично

Поврзани вести