Економија, финансии, бизнис

Контакт

Темелко ќе се гони со меѓународна потерница

Темелко ќе се гони со меѓународна потерница

Едмонд Темелко кој е еден од главните осомничени од СЈО во предметот „Титаник“ ќе биде гонет и со меѓународна потерница. Главната причина за ваквото барање е тоа што Темелко ја преминувал македонската граница со албанските патни исправи.

Основниот суд во Скопје вчера го прифати барањето на СЈО и му определи 30-дневен притвор на градоначалникот на општина Пустец во Албанија.

Обвинителката Ленче Ристоска денеска појасни дека Темелко не се јавувал редовно во судот и не ја почитувал одлуката да не ја напушта Македонија.  Темелко е обвинет во случајот Титаник за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.


Слично

Поврзани вести