ТЕМАТА БИЛА ЧУВСТВИТЕЛНА: Сепак од „Вреди“ велат дека Албанска академија на науки ќе има
Oд „Вреди“ не попуштаат и велат дека паралелна Aлбанска академија на науки и уметности ќе има.
Признаваат дека темата е чувствителна. Од „Вреди“ ги потврдиле ставовите дека и покрај реакциите од македонска и албанска страна нема да се откажат од идејата за развивање на Академијата. Најавија дека решение ќе се бара заеднички во владата. И покрај се појасните спротивставени ставови во коалицијата за ваквата идеја, од „Вреди“ велат коалицијата е стабилна. За премиерот Христијан Мицкоски, МАНУ е единствената институција што ја обединува научната мисла. Предлогот на „Вреди“ го оцени како политички фолклор. Според „Вреди“, предложената Албанска академија првично ќе се финансира преку општинските буџети.
Слично
