Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕМА БИЛА МАКЕДОНИЈА: Грчкиот амбасадор има разбирање за бугарската позиција

ТЕМА БИЛА МАКЕДОНИЈА: Грчкиот амбасадор има разбирање за бугарската позиција

Грчки и бугарски претставник разговараа за преговорите на Софија и Скопје. 

„Бугарија секогаш покажувала искрена волја и напори за конструктивен и прагматичен дијалог со Република Северна Македонија и ќе продолжи во оваа насока“, изјави бугарскиот премиер Стефан Јанев на средбата со грчкиот амбасадор во Софија, Димитрис Хронопулос.

Според бугарската агенција БГНЕС, грчкиот амбасадор изразил разбирање за бугарската позиција.

Хронопулос изразил целосна политичка поддршка на грчката влада за бугарската влада и истакнал дека двете земји се дел од иста група во однос на интересите во регионот. 

Додека не ги надмине несогласувањата со Бугарија, Македонија не може да ги почне преговорите со ЕУ. Во Македонија опозициската ВМРО-ДПМНЕ неколку дена протестира со барање да се открие за што се преговара со Софија. 

Слично

Поврзани вести