Телото на тетовец е најдено кај Нераште - главата му била облеана во крв
Безживотно тело на 42-годишник од Тетово најдено во близина на селото Нераште.
Тетовската полиција информира дека попладнево околу 16 часот е најдено безживното тело на 42 годишник од Тетово, за кого сопругата пријавила дека од вчера во 18 часот излегол од дома и не се јавувал на телефон. Со соопштението на СВР Тетово се наведува дека на стакло од возилото во кое е најден 42 годишник има дупка од испукан куршум и постои првично сомневање дека е застрелан.
Случајот рано утринава во 2 часот во СВР Тетово го пријавила 33 годишната сопруга Б.Б.(33). Таа пријавила дека вчера околу 18 часот нејзиниот сопруг А.Б.(42) се оддалечил од домот со возило „Ауди“ со тетовски регистерски таблици и не се јавувал на телефонските повици.
„Денес околу 16.15 часот во ниви атар на село Нераште полициски службеници од Полициско одделение Теарце, забележале паркирано возило „Ауди Q5″ со тетовски регистерски таблици. Внатре во возилото е забележано е машко лице, кој не давал знаци на живот. На возачкото стакло имало отвор од испукан проектил и лицето во пределот на главата бил облеан во крв со првично сомневање е дека лицето било застрелано со огнено оружје“, соопшти СВР Тетово.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по увидот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово било потврдено дека се работи за А.Б. од Тетово.
