Економија, финансии, бизнис

Контакт

Tелото на малиот Иван е најдено, се трага по девојче

Tелото на малиот Иван е најдено, се трага по девојче

Телото на малиот Иван Илиев синоќа околу 20.40 часот го пронашол татко му на последната автобуска постојка со број 65 во Сингелиќ.

По извршената идентификацијата телото е предадено на семејството. Иван е 22 жртва од невремето.

Таткото претходно пријавил дека неговиот син  во моментот на невремето бил со неговиот дедо на трактор кога наишол голем воден бран, по што тракторот се превртел, а водата почнала да го носи детето кон местото вика Попово Маало.

Дополнително, екипите трагаат и по 16 месечно девојче Елиф Фејзула кое нејзиниот чичко вчера попладне го пријавил за исчезнато.

Во моментот на страшното невреме по обиколница со автомобил се движеле таткото и бебето. Голем воден бран почнал да го носи автомобилот по што на малото девојче му се губи трагата, а таткото починал.

Слично

Поврзани вести