Телото на Беличанец предадено на обдукција
Министерството за внатрешни работи за смртта на актерката Билјана Беличанец известува дека била констатирана од екипа на Итната медицинска помош и по извршениот увид, а по наредба на јавен обвинител, телото на Беличанец е предадено за обдукција во Судска медицина.
Беличанец беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода од 2013 година до 2017 година. Последните улоги ги имаше во претставите „Господа Глембаеви” и „Последните Македонци” во матичниот Драмски театар, а ќе остане препознатлива и по Туфи во ТВ серијалот за деца „Здраво генијалци“ од 90-тите. Нејзиниот препознатлив глас го користеше и за натсинхронизирање на турски серии.
Слично
