Економија, финансии, бизнис

Контакт

Екс телохранителот на Груевски помина со условна казна

Екс телохранителот на Груевски помина со условна казна

Обвинетиот Дејан Митровски – Урко, вработен во Шестата управа на МВР и поранешен шеф на обезбедувањето на екс премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ,  Никола Груевски, добил само условна пресуда за директниот судир во кој на 27 јули минатата година почина Стојанчо Андонов(22) на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје. 

Пресудата на 20 јуни годинава ја донела судијката од Основниот суд Скопје 1,  Биљана Коцевска.

Судијката Коцевска врз база на вештачењето утврдила дека за „сообраќајката“ во која Митровски со автомобил „бе-ем-ве“ и го усмрти момчето, била виновна жртвата.

„Ве информираме дека против лицето за кое се интересирате, опфатено со предметот К.бр. 804/17 кај судија Биљана Коцевска, на 20.06.2017 година донесена е пресуда врз основа на признание на вина на обвинетиот, каде вештачењето утврдило дека мотоциклот се движел со 94,6 км на час, немал вградено предно светло. Оштетените пред судот се произнеле дека не бараат оштета и не се приклучуваат кон кривичниот прогон, со што обвинетиот за кривичното дело тешки дела против безбедноста на лицата и имотот во сообраќајот од член 300 ст.4 в.в со член 279 ст.3 в.в ст.1 од КЗ, е огласен за виновен. Судијата му определил условна осуда, односно две години казна затвор, казна која нема да се реализира ако во следните 5 години обвинетиот не стори ново кривично дело“ - пишува во писмената изјава од Основниот суд Скопје 1.

Урко со автомобил марка „БМВ“ удрил во моторцикл, а момчето кое беше тешко повредено во несреќата, по пет дена почина.

Слично

Поврзани вести