Тело во распаѓање обесено на дрво пронајдено во Ресен
Тело во фаза на распаѓање е најдено обесено во боровата шума над средното училиште во Ресен.
Според полицијата, телото е пронајдено вчера во 19.30 часот. Идентитетот на починатото лице не е познат, ниту пак е утврден полот.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Ресен. По наредба на Јавен обвинител телото било пренесено во капела во Ресен. Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот и за расчистување на настанот, додаваат од МВР.
Слично
