Тело на жена e извлечено од водите на реката Вардар
Тело на жена e извлечено од водите на реката Вардар во Скопје, информира полицијата.
На 11 март 2026 година околу 11 часот, полициски службеници од СВР Скопје го извадиле телото од реката, по што лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.
Подоцна е утврдено дека станува збор за 50-годишната А.Х.И. од Скопје. Во меѓувреме, член од нејзиното семејство пријавил дека жената утрото по 08 часот излегла од дома и не се вратила. Извршен е увид, а надлежните институции работат на расчистување на случајот.
Слично
