Тело е најдено во водите на Вардар кај Велес
Безживотно тело е најдено во водите на Вардар.
Попладнево, околу 14:30 часот, во Територијалната противпожарна единица Велес била примена дојава за забележан леш во реката Вардар, во близина на селото Уланци.
Од ТППЕ Велес информираа дека е интервенирано со едно возило и двајца пожарникари-спасители.
Јавната обвинителка од ОЈО Велес, Цветанка Богоевска, ја потврди информацијата и соопшти дека се преземени првични истражни мерки. Наложена е обдукција за утврдување на идентитетот и причините за смртта.
Слично
