Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Телма“ го објави името на лабораторијата која издава сертификати за грчки муштерии во дојранските казина

„Телма“ го објави името на лабораторијата која издава сертификати за грчки муштерии во дојранските казина

Тв Телма објави дека Ели Медика Плус е лабораторијата поврзана со фалсификување на ковид-сертификати за грќки граѓани кои ги користат услугите на казината во Дојран, по сторијата која ја зпаочна грчки медиум.

Полицијата од Гевгелија и Одделот за криминалистичка полиција вчера извршиле претрес во три правни лица поради наводите од грчките медиуми дека во дојранските казина се врши кривично дело фалсификување на Ковид сертификати. Одземена е службена медицинска документација за извршени тестирања за присуство на Ковид-19, направени на лица претежно од странство. Документацијата ќе се предаде на Основното јавно обвинителство Гевгелија за натамошно постапување.

Докторот специјалист Ѓорѓи Јанев во едното правно лице фигурирал како сопственик, а во друго како овластено лице поврзано со Ели Медика Плус, чиј меморандум стои на тестовите.

Во 2020 во јуни лабораторијата била фатена како врши тестирање без лиценца, а потоа истата ја добила.




Слично

Поврзани вести