Економија, финансии, бизнис

Контакт

Телевизите започнаа да се нудат за ТВ-дуелот на Заев и Мицкоски

Телевизите започнаа да се нудат за ТВ-дуелот на Заев и Мицкоски

Откако Христијан Мицкоски, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, го повика Зоран Заев на дуел, а премиерот ја прифати поканата, стигна и првата понуда од медиумите.

Канал 5 упати јавна покана до Заев и Мицкоски преку емисијата „Само Вистина“ со предлог дебатата да трае два часа за теми од внатрешната, надворешната и социјалната политика, а секој од лидерите да има право на три свои лични прашања.

Последен пат дуел помеѓу лидери од опозицијата и власта имаше во 1998 кога се памети легендарниот ТВ-дуел помеѓу Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски.

Слично

Поврзани вести