Економија, финансии, бизнис

Контакт

Младен Чадиковски се повлече од уредничката функција во ТВ24

Младен Чадиковски се повлече од уредничката функција во ТВ24

Телевизија 24 има нов главен и одговорен уредник откако досегашниот Младен Чадиковски се повлече од функцијата.

Чадиковски викендов беше избран за претседател на Здружението за новинари на Македонија.

Во статус на Фејсбук, тој вели дека останува дел од тимот на ТВ24 но дека поради тоа што треба да се посвети на обврските и предизвиците во ЗНМ нема да може да ја извршува уредничката позиција.


-На овој начин посветено и ангажирано ќе можам да одговорам на професионалните предизвици што ме чекаат во ЗНМ, без двојство на функции или можност за конфликт на интереси од било каков карактер-вели Чадиковски во статусот.

Местото на Младен ќе го заземе новинарот Огнен Јанески.

Слично

Поврзани вести