Teleperformance – глобалниот лидер, слави трета година на пазарот во Македонија
Ако зборувате германски јазик, веќе сигурно имате слушнато за Teleperformance. Станува збор за глобална компанија со претставништво во Скопје која масовно регрутира познавачи на германскиот јазик, а да се работи може и од дома. Повеќе за компанијата, работните места и условите за работа ни открива Надица Ставрова – HR Бизнис партнер во Teleperformance Македонија.
Teleperformance е глобална компанија за кориснички услуги за која првпат слушнавме пред 3 години кога го отвори своето ново претставништво во Скопје. Кажете ни нешто повеќе за компанијата?
Teleperformance е најголемата глобална компанија за кориснички услуги, претпознатлива по заложбите и посветеноста на обезбедување на најдобри услови за работа на своите вработени. Teleperformance е местото каде што повеќе од 420 илјади вработени ни светот имаат професионален ангажман во 170 земји на 265 јазици. Teleperformance Македонија веќе трета година е на нашиот пазар, и по трет пат е прогласен за “Најдоброто место за работа од дома” со највисок индекс на доверба и задоволство на вработените. По успешното достигнување на Great place to Work во Јули, ние успеавме да го потврдиме задоволството на вработените преку глобалниот Еsat програм, и да бидеме повторно светски лидер. Нашите вработени докажаа уште еднаш оваа година дека ги препознаваат и уживаат во програмите и бенефитите во компанијата.
Вашата компанија работи за едни од најпрестижните брендови во светот, а во Македонија веќе имате речиси 500 вработени. Кажете ни што конкретно работат вашите вработени?
Да, мораме да признаеме дека во Teleperformance имаме едни од најпрестижните брендови во светот, кои истотака ги докажуваат нашите високи стандарди за работна и професионална средина. Секој еден вработен кој би го поминал процесот на селекција, станува дел од нашиот тим, започнува со обука, која е дел од неговиот професионален договор се со цел да се спреми и да ги осознае потребите на позицијата. По обуката имаат фаза на адаптација па продолжува по 4-6 недели да работи самостојно во зависност од проектот. Вработениот помага или го советува лицето кое што ќе се јави и има потреба од решавање на некоја настаната состојба.

Кои услови треба да ги исполнат кандидатите за да станат дел од глобалното семејство на Teleperformance?
Заинтересираните кандидати треба да исполнат еден и единствен услов, а тоа е добро познавање на германскиот јазик или останатите јазици за кои имаме отворени работни позиции. Сето останато се учи преку програмата за обука на нови вработени која започнува од првиот ден и има за цел да ги подготви кандидатите за самостојна работа. Teleperformance е идеална можност за кандидатите кои го зборуваат некој од јазиците за кои имаме потреба, бидејќи тука имаат шанса да добијат стабилна и добро платена работа, многу доплнителни бенефити и програми за благосостојба и грижа на вработените.

Што е со кандидатите кои немаат работно искуство, а одлично го зборуваат германскиот јазик?
Работното искуство не е клучен параметар за да бидете дел од Teleperformance бидејќи ние како компанијата имаме одредени услови, а тоа се познавањето на јазикот за кој во моментов имаме отворено работни места, на пример Германски јазик, познавање и можност за работа со комјутер.
Доколку ги исполнувате минималните барања, компанијата обезбедува комплетна обука и подготовка на вработениот за самостојно работење. Без разлика на вашата формална едукација ние нудиме можност за кариера и понатамошен напредок почнувајки од позицијата агент за корисничка подршка, супервизор, квалитет па до проект менаџер. Се што треба е да се следат програмите за развој да се пријави секој кандидат соодветно сопствената визија и да добие едно од отворените лидерски позиции локално, регионално па и глобално.

Дали навистина постои можност за работа од дома и што е тоа што компанијата го обезбедува?
Ние континуирано нудиме можност за работа од дома или од нашите простории. Се зависи од кандидатот и неговите желби и потреби. Доколку работите од дома, компанијата обезбедува целосна опрема за работа, обука за работната позиција и вработување со договор за работа и платени придонеси.
Кои други бенефити им ги нудите на вашите вработени и зошто Teleperformance е атрактивно работно место?
Од бенефитите морам да напоменам освен атрактивната плата, бонуси, регрес, имаме најразлични програми и настани за ангажирање на вработените, тим билдинг и развој. Програмата за добросостојба на вработени, препорачај пријател, спорт и спортски активности, како пилатес, јога, фудбал, часови по готвење исл. Голем број на активнисти и натпревари на локално, регионално и глобално ниво.
Која е вашата порака до кандидатите кои го зборуваат германскиот јазик?

Доколку зборувате германски јазик и сакате да работите од канцеларија или од дома – од било каде во Македонија – аплицирајте онлајн на www.TPSkopje.com и нашиот тим ќе ве контактира. Ако вашето ниво на германски јазик е на задоволително ниво, уште веднаш ќе добиете понуда за вработување во Teleperformance!
ПР објава
