Економија, финансии, бизнис

Контакт

Телеком и оне.Вип тврдат дека ја предале опремата за прислушување на МВР

Телеком и оне.Вип тврдат дека ја предале опремата за прислушување на МВР

Двата оператори во земјава тврдат дека немаат пристап до опремата за прислушување.

За 24 вести од Телеком тврдат дека опремата ја предале на надлежното министерство уште кога била набавена.

Ист став даваат и од оне.Вип откаде што велат дека никогаш не поседувале систем за следење на комуникациите. 

Согласно законските обврски од Законот за електронски комуникации и по барање од страна на надлежен орган односно по барање и врз основа на техничка спецификација одобрена од МВР на РМ, оне.Вип има набавено соодветен интерфејс т.е. техничка опрема којашто овозможува поврзување на опремата за следење на комуникации на надлежниот орган и опремата на оне.Вип наменета за обезбедување на електронски комуникациски услуги. Овој интерфејс веднаш по извршената набавка е предаден во владение и на користење на МВР кое има целосна оперативна контрола врз начинот на нејзина употреба”, рекле од компанијата за 24 Вести. 

Слично

Поврзани вести