Teлефонска централа со можност за прислушкување купило едно од министерствата
Министерството за животна средина и просторно планирање, претходниот месец преку јавна набавка набавило телефонска централа со можност за снимање на разговорите.
Пред неколку дена беше обелоденето дека во Јавното обвинителство разговорите на седум судии биле снимани и прислушкувани, за што МВР отвори истрага.
Во меѓу време детална проверка на централата нарачана е и во Министерството за правда од страна на Рената Дескоска.
Јавното обвинителство има индиции дека во зградата прислушувањето на фиксните телефони траело од 2013 година кога е инсталирана опремата.
Јавното обвинителство работи на проверка и на индициите дека ист или сличен систем за снимање на телефонски разговори бил употребуван и во други правосудни институции.
