Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕКСТОТ ТРЕБА ДА БИДЕ НА ТРИ ЈАЗИЦИ: Собранието наскоро ќе има ново лого

ТЕКСТОТ ТРЕБА ДА БИДЕ НА ТРИ ЈАЗИЦИ: Собранието наскоро ќе има ново лого

Собранието наскоро ќе има ново лого. 

Конкурсот за изработка на заштитен знак е објавен денеска, а од собраниската прес-служба потенцираат дека целта е да се модернизира идентитетот на законодавниот дом.

Во огласот е наведено дека логото треба да биде придружено со детално објаснување на симболиката, вклучувајќи го значењето на секој елемент, боја и форма.

Текстот со називот на закондавниот дом треба да биде на македонски јазик, на албански и на англиски. Помеѓу условите е наведено и дека треба да се избегнуваат премногу трендовски, разиграни или лежерни стилови, а шемите на боите се препорачува да имаат институционална или национална симболика.

„Јавниот конкурс за изработка на заштитен знак е со цел законодавниот дом да го модернизира и изедначи својот институционален и визуелен идентитет преку изработка на заштитен знак, кој треба да ги одразува националните вредности и вредностите, мисијата и визијата на институцијата. Дизајнот на логото треба да биде уникатен и неупотребуван досега“, се вели во соопштението на собраниската прес-служба.

Секој учесник на конкурсот има право да поднесе најмногу до три идејни решенија за лого на Собранието. Предлозите ќе ги разгледува посебна комисија формирана од спикерот Африм Гаши. Рокот за доставување на предлозите е 45 дена од денот на објавување на Јавниот конкурс.

Слично

Поврзани вести