„ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА ТРЕБАШЕ ДА ПОСТОИ ПО ПРВИТЕ ИЗБОРИ ПО РУШЕЊЕТО НА РЕЖИМОТ НА ГРУЕВСКИ“: Најчевска со став за техничката влада
Професорката Мирјана Најчевска смета дека техничка влада требала да постои само на првите избори по рушењето на режимот на Никола Груевски. Таа, по предлогот на Мицкоски да се укине техничката влада, вели дека и кога СДСМ би била на влас и би сакала да го стори истото, ВМРО-ДПМНЕ жестоко би се борела против тоа.
„Кога партиите не разбираат дека државата не е партиски вилает туку структура која се гради од граѓаните и за граѓаните.
Сигурна сум дека доколку СДСМ беше на власт ДПМНЕ жестоко ќе се спротиставаше на укинувањето на техничката влада.
Тоа значи дека и едната и другата партија кога се на власт прават малверзации и ги фалсификуваат изборите.
Техничката влада требаше да постои единствено при првите избори по рушењето на режимот на Груевски.
Пролонгирањето на постоењето техничка влада е отворено дезавуирање на државата и нејзините демократски капацитети.“, пишува таа.
Слично
