Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тегли со чист воздух се делеа во Битола

Тегли со чист воздух се делеа во Битола

Млади активисти од Битола денеска на Широк сокак делеа тегли полни со чист воздух од Пелистер. 

Тие носеа транспарент на кој пишува „Подаруваме свеж воздух од Пелистер“. 

Ова е  реакција на тоа што општината  и другите институции не преземаат ништо за намалување на високата загаденост на воздухот.

Мерните станици во Битола со денови покажуваат двојно повисоки концентрации на загаденост на воздухот со ПМ 10 честички. од дозволеното. 

Скопје и Битола влегоа и меѓу најзагадените градови во Европа. 

Сличен проблем со загаденоста имаат повеќе градови од Македонија. 

Слично

Поврзани вести