Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕЧЕ РОКОТ: Годишна даночна пријава се поднесува до 15 март

ТЕЧЕ РОКОТ: Годишна даночна пријава се поднесува до 15 март
Речиси 25 илјади граѓани до сега ја исполниле обврската и поднеле годишна даночна пријава за дополнителни приходи. Вкупно 120 граѓани ја искористиле новата можност и пријавата ја поднеле електронски. Рокот за поднесување на даночните пријави истекува на 15 март, а од УЈП очекуваат до тогаш дополнителни приходи да пријават околу 200 илјади граѓани. Минатата година беа поднесени вкупно 174.181 годишни даночни пријави, а за оваа година се очекуваат 200.000, вели Весна Новаковиќ, од Канцеларијата за односи со јавност и комуникација на УЈП. Во системот за електронско поднесување на даночни пријави „Е-Даноци“, се регистрирани околу 10.600 регистрирани лица, кои ќе имаат можност електронски да ја поднесат пријавата. Обврска да поднесе годишна даночна пријава има секое лице кое што во текот на минатата година остварило дополнителен приход. Нема обврска да поднесе годишна даночна пријава граѓанинот кој во текот на годината остварил само приход од плата, пензија, земјоделска дејност или самостојна дејност.
Слично

Поврзани вести