Тажен е и Зафирчев: Беличанец не напушти на најтрагичниот од сите можни начини
Ви благодарам на сите за почитта која и ја укажувате на нашата драга Беличанец. Ние актерите изгубивме редок пријател и колега. А македонскиот театар изгуби голема и неповторлива актерка. Вечна и слава и паметење!-напиша на социјалните мрежи актерот Васил Зафирчев трогнат од смртта на неговата колешка Билјана Беличанец.
Зафирчев и посвети силно емотивен статус кој го пренесуваме подолу:
„Билјана Беличанец. Ретка билка со раскошен талент за цветање. Можеше да даде уште многу цутови. И сакаше. А не напушти на најтрагичниот од сите можни начини. Како вистинска античка хероина. Вечна пролет за неа и за нејзиниот редок и убав цвет. ❤
Фото: Фејсбук/Васил Зафирчев
Слично
