Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАВИЛА ОД СЗО МАКЕДОНИЈА: Треба да бидеме подготвени да ја примиме вакцината во март

ТАВИЛА ОД СЗО МАКЕДОНИЈА: Треба да бидеме подготвени да ја примиме вакцината во март

Џихан Тавила, шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје, во своето вечерашно гостување за ТВ Сител рече дека СЗО работи напорно за да осигури дека вакцините во светот ќе се третираат како јавно добро. 

„Нешто што ќе биде јавно добро за сите земји во светот. Она што досега го направивме е работа со компаниите, со производителите и со земјите за да ја подигнеме Ковакс платформата, преку која ќе обезбедиме еднаква распределба на вакцината. Да не се случи богатите земји да трупаат од вакцината, а помалку богатите да не можат да ја добијат. Преку оваа платформа Северна Македонија аплицираше и потпиша договор, за да се осигура дека барем 20 отсто од населението ќе ја прими вакцината“, рече Тавила. 

Да потсетам, додаде таа, дека не знаеме каков тип на вакцина ќе биде достапен. Сега има вакцни на две големи компании, но има и други десет вакцини кои се во трета клиничка фаза, што значи дека се тестираат на луѓе за да се утврди нивната безбедност и ефикасност. 

„Дури и кога вакцината ќе биде достапна, не сите во вашата земја ќе ја примат вакцината. Таа ќе им биде дадена на најранливите групи - постарите, здравствените работници, социјалните работници... Ни треба прво да ги заштитиме ранливите категории, бидејќи тоа е целта на вакцината, да се намали смртноста и бројот на тешки случаи во болниците“, нагласи Тавила.

Според неа, треба да бидеме подготвени да ја примиме вакцината во март, односно во првиот квартал, или првата половина на следната 2021 година. 

Слично

Поврзани вести