Економија, финансии, бизнис

Контакт

Таткото на Васил Јованов доби ослободителна пресуда

Таткото на Васил Јованов доби ослободителна пресуда

Основниот кривичен суд донесе ослободителна пресуда за Зоран Јованов, таткото на Васил Јованов, кој лани во јануари смртно ја прегази Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Судот наведе дека кривичната одговорност не може да се темели само на фактот што обвинетиот бил сопственик на возилото и што неговиот полнолетен син го управувал без возачка дозвола.

„Кривичното право почива врз начелото на лична и индивидуална одговорност, поради што последиците од самостојното постапување на едно полнолетно лице не можат автоматски да му се припишат на друго лице само поради роднинска врска или поради сопственост на возилото“, наведува Судот.

Според судската одлука, непосреден причинител на трагедијата бил возачот како самостоен учесник во сообраќајот, додека повторувањето на прекршочното однесување не може автоматски да се третира како кривично дело доколку не се исполнети законските услови.

Таткото на Јованов во суд негираше вина. 

Лани по несреќата имаше протести во Скопје и во Неготино, местото од каде потекуваше Кулакова. 

Слично

Поврзани вести