Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАТКОТО НА ВАЊА ОСТАНУВА ЗАД РЕШЕТКИ, СУДОТ НЕ ОДОБРИ КУЌЕН ПРИТВОР - не е прифатено барањето на одбраната за ублажување на мерката

ТАТКОТО НА ВАЊА ОСТАНУВА ЗАД РЕШЕТКИ, СУДОТ НЕ ОДОБРИ КУЌЕН ПРИТВОР - не е прифатено барањето на одбраната за ублажување на мерката

Таткото на малата Вања која беше свирепо убиена останува во притвор.

Ваква одлука донел Кривичниот суд откако одбранатра на таткото Александар бараше неговиот притвор да биде заменет со поблага мерка, односно куќен притвор. 

„Заради интерес на медумите кои ја следат работата на судот, ја
информираме јавноста дека судија на претходна постапка, по предлог на
одбраната на А.Ѓ. осомничен за кривично дело Грабнување од чл. 141 ст.2
вв ст.1 од КЗ, а поврзано со убиството на малолетната В.Ѓ. и велешанецот
П.Ж., за замена на мерката притвор со куќен притвор, по добивање на
мислење од надлежниот Јавен обвинител, донесе решение со кое предлогот
на одбраната се одбива.
Против ова решение странките имаат право на жалба до Кривичниот совет.
Со почит Основен кривичен суд Скопје“, се вели во соопштението кое до медиумите го испратија од Кривичен суд. 

Слично

Поврзани вести