Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАТКОТО НА ФРОСИНА ЗА ЈОВАНОВ: Tој и неговите родители немаат зрно каење, бараме доживотна казна затвор

ТАТКОТО НА ФРОСИНА ЗА ЈОВАНОВ: Tој и неговите родители немаат зрно каење, бараме доживотна казна затвор

Taткото на загинатата Фросина Кулакова, Тодор вечерва во Дневникот на Сител се заблагодари на сите граѓани кои излегоа на протестите. 

Вели дека има сознанија дека сакаат лицето кое ја прегази да го сместат во друга институција.

„Бараме ова веднаш да се спречи. Ако бил ненормален имало време кога да се констатира. Ова покажува дека ниту тој, ниту неговите родители немаат зрно каење“, рече таткото. 

Кулаков вели дека тие на ова гледаат како на обичен бизнис и сакаат да се заташка случајот. Објасни дека три часа немало обвинител. Taткото на Фросина вели дека го контактирале многу адвокати за да го застапуваат. Тој бара и родителите на Васил да одговараат. Кулаков рече дека никој не им кажал дека Васил немал возачка дозвола и тоа го дознале подоцна. Вели дека неказнивоста создава вакви монструми. Кулаков рече дека нови протести ќе има и тоа помасовни пред институциите и бара максимална казна за момчето кое ја прегази Фросина. Кулаков рече дека поради повеќето дела и прегазувањето на Фросина, Јованов треба да добие доживотен затвор. 

фото Вангел Тануровски

Слично

Поврзани вести