ТАТКОТО НА ФРОСИНА: Ова наше правосудство е коренот на сите наши проблеми
Неготинци се простија од нивната сограѓанка Фросина Кулакова, која завчера беше прегазена на пешачки премин во Скопје. Родителите, роднините, пријатели, другарки со протест на плоштадот во Неготино ја испратија младата Фросина на вечното почивалиште.
„Ова наше правосудство е коренот на сите наши проблеми, протежира неказнивост кое потоа се одразува на сите сфери во животот. Имаме ли неказнивост, имаме тотален распад во системот, во државата. Не само во сообраќајот, туку и во другите сфери. Последиците ги трпат децата. Тој губитник по сите мерила на животот кој го направи ова, влезен во некој лош филм, ни уби бисер од дете, врвен дизајнер. Сѐ поради таа неказнивост“, кажа низ солзи таткото Тодор Кулаков, објави СДК.
Момчето кое ја удри Фросина доби 30 дена притвор.
