Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАТКОТО НА ФРОСИНА ДО ПАНДОВ: Ни ја враќаш вербата дека државата конечно ќе почне да функционира

ТАТКОТО НА ФРОСИНА ДО ПАНДОВ: Ни ја враќаш вербата дека државата конечно ќе почне да функционира

Фамилијата на загинатата Фросина Кулакова од Неготино, која настрада пред пет дена на Партизанска во Скопје, се заблагодари на раководството на затворот во Шутка и на директорот на  Управата за извршување санкции, Александар Пандов за брзата реакција откако портал објави фотографија како 20-годишниот возач Васил Јованов, во притвор седи со мобилен телефон. Телефонот е одземен. 

Таткото на Фросина, Тодор Кулаков во име на семејството, преку својот профил на Фејсбук се заблагодари до Пандов поради тоа што, како што напиша, ја враќа довербата дека државата конечно ќе почне да функционира.


„Како семејство се чувствуваме должни да изразиме јавно благодарност што ни ја враќаш вербата дека државата конечно ќе почне да функционира, односно дека веќе функционира. Дека злосторниците, убијците ќе го добијат третманот кој им следи, со што ни дава верба дека и судскиот епилог и казните кои ќе ги добијат, ќе бидат адекватни. Уште еднаш огромна благодарност до тебе, до директорот на Шутка и до целиот твој тим – од цело семејство, пријатели и колеги на Фросинче“, напиша нејзиниот татко.

Во 17 часот денеска иницијативата „Кој е следен“ ги повика граѓаните на протест на Партизанска, во близина на Универзална сала. 

Протести веќе имаше во Скопје и во Неготино. Момчето кое ја прегази Фросина е добро познато на полицијата. Кај него полицијата претходно нашла дрога, а возилото го управувал пијан, но и немал возачка дозвола. 

Јавноста беше гневна поради фотографијата на Васил со мобилен во затворот. 

Слично

Поврзани вести