Таткото на Филип со емотивни статуси на Фејсбук: Кога ми треба помош од неа, државата ме праќа во Грција
Таткото на полицискиот службеник кој беше избоден со нож од син на советник во Министерството за внатрешни работи преку Социјалните мрежи бара помош.
Гоце Филиповски на Фејсбук неодамна објави дека неговиот син е пуштен од болница каде повеќе од една недела се бореше за живот.
Таткото на Филип во ек на изборна кампања вели дека во овој момент за него е важно неговиот син да се опорави , односно да ја добие битката додека за многумина други им е важно кој ќе биде шеф на државата дали Пендаровски или Силјановска.
Меѓудругото Филиповски пишува дека неговиот син треба да прими две вакцини кои ги немало во Макеоднија а за кои го праќале да оди во Грција.
Имено, од МВР засега нема нови информации за овој случај. Надлежните последно што информираа е дека се работи на расчистување на случајот.
Филип Филиповски кој е вработен во управните служби на МВР, беше беше избоден со нож од син на советник во Министерството за внатрешни работи.
